Порто забележа победа на гости кај Белененсес со 30-21, а голем дел од заслугите за оваа убедлива победа одат на сметка на македонскиот репрезентативец Никола Митревски. Нашиот голман имаше дури 17 одбрани од 37 удари на противничките ракометари, што е 46% успешност.
Ова беше добро загревање за Порто пред она што го очекува, дуелот со Висла Плоцк во ЛШ.