Поргугалија со „деветка“ го поздрави Луксембург, БиХ поразен од Исланд

203

Денеска се одиграа пет натпревари од квалификациите за ЕП 2024. Португалија на стадионот „Алгарве“ славеше со 9:0 над Луксембург во меч од 6.коло од групата Ј и го држи првото мессто со максимални 18 бодови.

Тројца фудбалери на Португалија постигнаа по два гола. Гонкало Инасио, Гонсало Рамос и Диого Жота. По еден дадоа Орта, Бруно Фернандеш и Жоао Феликс. Toa e највисока победа на Португалците над Луксембург во меѓусебните дуели.

Втора е Словачка која со 3:0 славеше над Лихтенштајн. Словаците по шест меча имаат 13 бода. Луксембург има 10, БиХ и Исланд по 7 и Лихтенштајн е без бодови. Исланд и Бих вечерва одиграа без голови.

А во Рејкјавик, Исланд ја победи БиХ со 1:0. Во последната минута мрежата ја затресе Финбогасон.

Велс со головите на Арон Ремси во 29 минута и на Давид Брукс во 96 минута славеше на гости кај Летонија со 2:0. Во оваа група Д, Велс има 7 бода по пет меча, а Летонија е без бодови од исто толку мечеви. Тука Хрватите се во водство. „Коцкастите“ денеска победија во гости против Ерменија со 1:0.

ПретходноФранција е полуфиналист на одбојкарското ЕП
СледноСаутегјт два пати го разубедувал Вокер да не се откаже од националниот тим