Проблеите на Манчестер Јунајтед никако да престанат. Иако се инвестираше огромна сума за засилувања, на Олд Трафорд стигна до ситуација да немаат опција.
Мејсон Гринвуд и неговата судбина е добро позната. По скандалот со семејното насилство е испратен во Гетафе, за него на Олд Трафорд нема веќе место. Џејдон Санчо беше платен 85 милиони евра пред две години, но сега е во моментов надвор од тимот поради прихички проблеми и очајна самодоверба.
Последно, бразилецот Антони има тужба за насилство врз девојката и е надвор од тимот поради тој момент.
Па така, од трите супер звезди Манчестер Јунајтед сега се одлучува на очаен потег. Се распрашува да го доведе Анвар Ел Гази сега веќе екс играчот на ПСВ кој си замина од Ајндховен летово.
Ел Гази има колоритна кариера, откако поника во Ајакс, па беше и во Лил, Астон Вила, Евертон. Има 28 години, а минатата сезона постигна осум гола.