Претстојниот викенд на програмата се мечевите од 7.коло во ПМФЛ. Како што информираат од Работнички, клубот од Градски парк се враќа на Арената “Тодор Проески“, па така мечот со Воска ќе се игра нашиот најголем стадион. Ова ќе биде прв меч сезонава за Работнички на Арената. А се знае и зошто.
Дуелот меѓу Шкупи и Брера Струмица се игра во сабота поради ТВ преносот, додека во недела се играат Брегалница – Струга ТЛ, Работнички – Воска, Тиквеш – Вардар, Силекс – Шкендија и Македонија ЃП – Гостивар. Сите мечеви започнуваат од 15 часот.