Постариот син на Малдини ја завршува кариерата на 27 години

670

Кристијан Малдини, постариот син на легендарниот дефанзивец на Милан, Паоло Малдини, ќе ја заврши фудбалската кариера на само 27 години. Кристијан кој игра како централен бек ја почна кариерата во младинските категории на Милан, но потоа замина да гради кариера во Реџина, беше во Хамрун од Малта, па италијанските нисколигаши Про Сесто, Фонди, Про Пјаченца, а последен клуб му беше Леко за кој одигра само три натпревари во една сезона.

Кристијан ќе почне нова кариера и тоа како фудбалски агент заедно со Бепе Рисо.

ПретходноНајголемиот со посебни емоции: Солзите на Новак пред белграѓани! (ВИДЕО)
СледноМисија Малта: Елмас ги отвори, Манев ги затвори!