Полска преку Србија до полуфиналето на одбојкарското ЕП

168

 

Репрезентацијата на Полска ја совлада Србија со 3-1 во четвртфиналето на Европското првенство.

Србите одиграа одличен прв сет 28-26 против една од најдобрите светски селекции и кандидат за светската титула. Вториот сет Полјаците одиграа фуриозно и го добија со 25-15. Третиот сет беше многу возбудлив и неизвесен, игра на нерви што се вели за на крајот Полска да го добие со 36-34 и да поведе со 2:1. Во четвртиот сет Полјаците рутински ја одбработија задачата и го добија со 25-17 и со тоа и мечот.

Во полуфиналето Полска ќе игра против Словенија.

ПретходноБум-бум Елмас – гол за водство на Македонија против Малта (видео)
СледноПоради „Косово е Србија“ прекинат мечот меѓу Романија и Косово