Второлигашот Вардар од Неговино го назначи Горан Тодорчев за нов тренер на тимот. Како што објавија од клубот, Тодорчев доаѓа на местото на Љупчо Димитковски, кој си замина од кормилото по последниот пораз на тимот во 3-тото првенствено коло.
Неготинчанецот Тодорчев своето деби на клупата ќе го има веќе викендов кога ќе го предводи Вардар на средбата од 5. коло во ВМФЛ против Скопје.