На Работнички никако да му тргне со македонските кошаркари. Најтрофејниот кошаркарски колектив не успеа да го убеди Андреј Маслинко да го облече „црвено-белиот“ дрес.
24-годишниот кошаркар, кој имаше долга пауза поради оперативен зафат го одбра ТФТ. Тимот од Тафталиџе испратил многу подобра понуда, не само финансиска туку и во огранизацискиот дел, како и сето она што влегува во делот на професионализот, со кратки зборови ТФТ имал што да понуди. За разлика од овој клуб, Работнички бил далеку „поскромен“, па токму затоа Маслинко ја одбил нивната понуда.
И новиот прволигаш, Феникс, се договори кошаркар станува збор за Павле Михајловски.