0
Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски и Хајдук се договорија. Според информациите од тамошните медиуми веќе нема дилеми, нашиот фудбалер во текот на утрешниот ден и официјално треба да биде претставен како ново засилување на хрватскиот тим.
Трајковски во Хајдук доаѓа како слободен играч, откако неговиот договор со Ал-Феиха.
Македонскиот репрезентативец има 31 година, во националниот дрес има одиграно 83 меча и постигна 21 гол. Засега во светот на фудбалот се памети како човекот кој ја остави Италија без пласман на Светското првенство.