ЛШ: Елмас и Наполи со „тешка“ победа во Брага, Баерн во голеада славеше над Јунајтед

232

Италијанскиот првак Наполи со победа на гостувањето кај Брага (2:1) ја отвори сезоната во ЛШ. Наполи не блескаше но ја исполни целта. Поведе во 45 минута кога на асистенција на Осимен, погоди капитенот Ди Лоренцо.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 66 минута. А Брага изедначи во финишот преку Брума, сепак, радоста на домашните кратко траеше затоа што автогол си постигна Ниакате. А во последните секунди Брага имаше супер шанса, но Пици ја погоди стативата.

„НЕРОАЅУРИТЕ“ ИЗВЛЕКОА РЕМИ ВО ШПАНИЈА

А Интер е освои бод во Сан Себастијан (1:1). Сосиедад со гол на Мендез во 4 минута го отвори резултатот. Бастони погреши, Мендез украде и ја погоди мрежата. Маркус Турам постигна гол во 79 минута но голот на Интер беше поништен по реакција на ВАР поради офсајд. Но во 87 минута Лаутаро Мартинез им донесе бод на „нероаѕурите“.

EФИКАСНО ВО МИНХЕН

Баерн Минхен со триумф ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите. На „Алијанц“ е совладан Манчестер Јунајтед со 4:3 во дербито во групата А. Поведоа „Баварците“ со голот на Лирој Сане во 28 минута кој шутна од 16-тина метри, а топката му избега од раце на Онана и заврши во голот.

Само четири минути подоцна Гнабри го зголеми резултатот.На стартот на второто полувреме Хојлунд со својот прв гол во ЛШ ја врати надежта на Јунајтед дека може нешто да направи во Минхен, но во 53 минута беше спуштен на земја кога Хари Кејн погоди од пенал.

Имаше Баерн уште неколку шанси преку Сане двапати, еднаш преку Кејн но овојпат Онана го спасуваше својот гол. Јунајтед повторно дојде до минус еден со гол на Касемиро, за веднаш потоа Баерн да ја потврди победата и бодовите. Голот за 4:2 го постигна Матис Тел. Пред последниот свиреж на судијата Јунајтед постигна гол за утеха, по слободниот удар на Бруно Фернандеш, топката во мрежата на Баерн ја смести Касемиро.

РЕЗУЛТАТИ, 1 КОЛО
ГАЛАТАСАРАЈ – КОПЕНХАГЕН            2:2
РЕАЛ МАДРИД – УНИОН БЕРЛИН       1:0
АРСЕНАЛ – ПСВ           4:0
БАЕРН – МАН.ЈУНАЈТЕД         4:3
БЕНФИКА – САЛЦБУРГ            0:2
БРАГА – НАПОЛИ         1:2
СОСИЕДАД – ИНТЕР    1:1
СЕВИЉА – ЛЕНС         1:1

 

ПретходноВо Гевгелија се одржа семинар за младинските категории
СледноШокантен пораз на Партизан – Студентски центар со тројка во финишот го освои АБА Суперкупот