Екс фудбалерот на Црвена Звезда уапсен поради шверц на 324 килограми кокаин

5423

Синоќа во големата акција на српската полиција на подрачјето на Белград односно Панчево се уапсени шестмина припадници на криминална група која се поврзува со шверц на 324 килограми кокаин.

 

Како водач на групата се означува Живко Бакиќ, 40. годишен екс фудбалер на ФК Црвена Звезда. Бакиќ своевремено важел за екстра талентиран десен бек кој забележал настапи за некогашниот европски и светски шампион, но рано фудбалската кариера ја заменил со криминална.
Со години живеел на шпанскиот остров Ибица, каде што и реално бил активен на нарко пазарот.

Целата акција е дел од големата заплена на кокаин кој е пронајден на брод во Солун, Грција во 2021 година.

 

ПретходноФудбалска Англија во тага, почина фудбалерка на Шефилд Ј…..
СледноИвановски елиминиран во 1/4 финалето во Сетубал