Осум швајцарски и уште четири странски играчи му пристапија на швајцарскиот одбојкарски клуб Нафелс. Меѓу новаците е и Ристо Николов, македонскиот репрезентативец кој досега настапуваше за Џио Струмица.
Швајцарците го опишаа Николов како големо засилување за тимот поради неговите 202 сантиметри и поради искуството.
„Одлучив да играм за Нафелс затоа што понудата беше сериозна. Освен тоа добив позитивни мислења за овој клуб, па одлучив да дојдам и да помогнам тимот да напредува па ако се пружи шанса да се освои и шампионатот“, изјави Николов.
Претходно овој 30-годишен среден блокер играше за Анагениси, Стеауа Букурешт, Студенти од Тирана, играше и за Рибница од Краљево.
ФОТО: ФБ/Ристо Николов