Хрватска апси навивачи на Динамо по налог на Грција

201

Смртта на навивачот на АЕК Атина од пред неколку недели ни оддалеку не е заборавен ниту случајот кој се води против навивачите на Динамо Загреб паѓа во втор план. Напротив, истиот добива нова димензија.

Како што јавуваат медиумите во Хрватска, синоќа и утринава уапсени се десетина навивачи на Динамо, популарни Бед Блу Бојс по налог на Грција која што бара нивно екстрадирање по повод процесот кој се води во нивниот суд.

Според Грција, токму овие навивачи кои се уапсени биле дел од инцидентот кој се случи пред дуелот АЕК – Динамо, по кој загина еден грчки навивач. Голем дел хрватски навивачи веќе месеци се во затворот во Атина, а истрагата очигледно покажала дека и оние навивачи кои што успеале да се вратат во Хрватска имаа вмешаност во инцидентот. Хрватската полиција засега молчи и професионално ја извршува задачата по меѓународен налог за апсење. Ќе видиме кога Хрватска ќе се одлучи да ги екстрадира навивачите во Грција каде што очигледно ќе им се судин за убиство.

Голем дел од во моментов уапсените во Загреб, по инцидентот односно убиството на Михалис Кацурис избегале од Атина со траект до Италија, па по копнен пат се вратиле во Хрватска.

 

ПретходноВардар 1961 лесно се справи со младиот состав на Пролет
СледноХорхе Мартин победи на спринтот во Индија