Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид за година дена. Тој ги одби милионите од Саудиска Арабија, но за него не беа заинтересирани само Арапите.
Шпанските медиуми пишуваат дека по завршување на сезоната нема да биде чудо да заигра со Лионел Меси, Жорди Алба и Серхио Бускетс, и најверојатно Луис Суарез, кој треба да се приклучи во јануари.
Не е тајна дека Дејвид Бекам уште ова лето го сакаше Хрватот, според него тој не ја добива заслужената минутажа од Карло Анчелоти, нешто што пак ќе го има во Интер Мајами.
Според „Мундо Депортиво“ како единствен проблем може да биде вкупниот износ на плати, што е вкупно 40 отсто од дозволената сума за буџетот за плата. „Мундо Депортиво“ наведува дека трансферот на Суарез е многу поизвесен, но оставаат простор да се види дали е можен трансферот на хрватскиот капитен во текот на летото следната година.
Инаку, Динамо Загреб е еден од оние клубови кои ќе се обиде да го врати Модриќ, раководството не криеше дека прави напори да го оствари овој „бомба“ трансфер.