Се чини дека е готово. По цели 17 години Иван Перишиќ се враќаво својот Хајдук,откако во 2006 како младинец на “билите“ направи трансфер во Сошо со што ја започна својата блескава кариера во клубовите за кои играше во најсилните лиги во светот.
Како што пишуваат медиумите во Хрватска, договорот за Перишиќ меѓу Хајдук и Тотенхем паднал при преговорите на двата клуба со кои веќе и официјално младиот Вушковиќ од Сплит потпиша за клубот од Лондон.
Секако дека со доаѓањето на Перишиќ во својот роден град, во својот клуб и тоа како добро ќе му дојде на Хајдук во битката за титулата. Но со оглед на повредата, Перишиќ би можел да заигра за “билите“ дури напролет.
Да потсетиме дека во Хајдук е и нашиот репрезентативец Александар Трајковски кој минатата недела потпиша за хрватскиот гигант и веќе викендов го имаше своето деби.