Фаворитите сигурни во 2. коло од кугларското првенство

69

Второто коло од Македонската кугларска лига помина без некои поголеми изненадувања. Во „Мусандра“, Макпетрол со 8:0 го совлада ГТЦ Мусандра, во Битола, Пелистер 1982 А беше подобар од својата Б екипа со 6:2.

Најинтересно беше во Битола во женскиот дуел каде што се водеше рамноправна битка до 330 кугли каде што натпреварот беше 3:1 за Пелистер Пин и двете екипи имаа еднаков број на дрва. На крајот, домаќинките од Битола не дозволија изненадувања и го завршија натпреварот во последните 30 кугли со преност доволна за победа од 6:2.

Натпреварот Макпетрол Б – Вардар 2014 е одложен и ќе се одига во четврток со почеток во 18.00 часот.

МКЛ – 2. Коло:

ГТЦ Мусандра – мажи 0:8 Макпетрол А

Вардар 2014 0:0 Макпетрол Б

Пелистер 1982 Б 2:6 Пелистер 1982 А

Пелистер Пин – жени 6:2 ГТЦ Мусандра – жени

Табела: МАКПЕТРОЛ – А (м) 4, ПЕЛИСТЕР 1982 – А (м) 2, ПЕЛИСТЕР ПИН (ж)  2, ГТЦ МУСАНДРА (м) 2, ВАРДАР 2014 (м) 2, МАКПЕТРОЛ – Б (м) 2, ПЕЛИСТЕР 1982 – Б (м) 0,  ГТЦ МУСАНДРА (ж) 0.

ПретходноПознат календарот за Дијамантската лига 2024: Старт во Кина, финале во Брисел
СледноМеси му испратил преку Инстаграм порака на легендата на Ливерпул во која имало само еден збор: Магаре!