Првакот доби сериозно засилување: МЗТ Скопје со МТЕЛ во одбрана на титулите (ФОТО)

463

МЗТ Скопје доби сериозно засилување пред почетокот на новата сезона. Овој пат не станува збор за играчкиот кадар туку за соработка со нов спонзор, кој ќе биде важен во остварување на целите, а тоа е одбрана на титулите во домашниот шампионат.

МТЕЛ е новиот спонзор за МЗТ Скопје, а соработката беше промовирана денеска на официјална прес-конференција.

“Со компанија како МТЕЛ потврдуваме дека сме на добар пат и за нас претставува големо задоволство да се соработува со една ваква голема компанија но и обрврска да се оправда довербата”, изјави директорот на МЗТ Скопје, Филип Ѓорески.
Генералниот директор на Мтел, Марко Лопичиќ потенцира дека како компанија сакаат да бидат дел од една успешна приказна како што е МЗТ Скопје.

“Сакаме да бидеме дел од успешната приказна на МЗТ Скопје, кој е најуспешен и трофеен клуб. Ние ја продолжуваме традицијата на нашата компанија која секаде помага во спортот, па еве сега тоа го правиме и во Македонија. Што се однесува до самиот договор тоа значи дека ние ќе бидеме ексклузивен телеком партнер на МЗТ во сезоната 2023/24”, изјави Лопичиќ. 

На прес-конференцијата беше присутен и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунси, кој исто така не го криеше задоволството од новата соработка која ќе донесе нови победи и успеси.

“Вистинско задоволство е што сум дел од оваа промоција на новиот партнер на МЗТ Скопје. Ова е поддршка ќе ни донесе нови победи на домашно и меѓународно ниво. МЗТ Скопје не е обичен клуб, тоа е емоција и љубов за сите ние кои живееме во Аеродром. Благодарност на МТел за подршката, ова е основа за долго партнерство. Благодарност до играчите и навивачите кои се основа за сите победи и успеси. И понатаму да се радуваме на нови успеси и радости“, изјави „таткото“ на Општина Аеродром.

МТЕЛ е компанија која во Македонија вложила 8.000.000 евра, а планира да оваа бројка да стигне до 50 милиони евра. Целта е спортот и младите, нешто што навистина е за поздрав.

„До сега во Македонија вложивме 8.000.000 евра, сакаме стигнеме и до 50.000.000 милиони евра. Сакаме да вложуваме во спортот и младите во земјава да се занимаваат со спорт. Уверени сме дека со наша помош МЗТ Скопје ќе има уште поголеми успеси“, изјави Владимир Лучиќ, кој пак е генерален директор на Телеком Србија.

ПретходноСо огласи Нејмар: Престанете да објавувате лаги!
СледноКил тргна за Битола: Ова е најдолгото патување сезонава!