Голема прашина се дигна во бразилската јавност пред големото финале на Копа Америка во кое Бразил ќе игра против Аргентина.
Бура направи објавата на Нејмар, најдобриот играч на Бразил, кој на неговиот „Инстаграм“ удри против оние кои што посакуваат неуспех на „Кариоките“ во овој дуел.
Поедини навивачи навиваат за Лионел Меси да го подигне првиот трофеј со Аргентина, затоа што сметаат дека го заслужува, што го збесна Нејмар.
„Јас сум Бразилец со голема гордост и љубов кон татковината. Секогаш сонувам да го облечам бразилскиот дрес и да ја слушам песната на нашите навивачи. Навивам за Бразил во било кој спорт, на било какво натпреварување. Ако Бразилец се натпреварува во моделирање, јас сум за него. Ако е во прашање Оскар или што било друго, навивам за Бразил. И се прашувам: кој Бразилец на го прави истото? Ок, јас тоа го почитувам, но носете се…“, напиша Нејмар.
Маркињос кажа дека е тешко за верување дека некои новинари се отворено против репрезентацијата и не се гордеат што Бразил е во финалето, и не даваат поддршка.