Италијанскиот тенисер Матео Беретини е прв финалист на Вимблдон, откако денеска во полуфиналето го совлада полскиот тенисер Хуберт Хуркач со 3:1 (6:3, 6:0, 6:7, 6:4).
Беретини ќе го игра своето прво гренд-слем финале, а тој ќе биде трет италијански тенисер кој се пласираше во финале на грен-слем, а прв кој ќе се бори за титулата на Вимблдон.
Матео ја забележа 11 победа по ред на трева, откако пред почетокот на турнирот славеше на „Квинс“.