Ренова убедлива на пријателската со Борец

636

Во прволигашка тест-пресметка денеска, фудбалерите на ренова остварија убедлива победа над екипата на Борец со 4:1.

Тетовскиот прволигаш покажа завидна форма и одлична реализација. Головите на „гипсарите“ ги постигнаа Селмани, Гафури и Ајрулаху во првото полувреме, додека четвртиот гол беше дело на Селмани во второто полувреме, што практично значеше втор негов гол на натпреварот.

Единствениот гол за велешани го постигна Љума во 69. минута.

ПретходноСкопје загуби на „тестот“ со Напредак од Крушевац
СледноЃоковиќ по седмипат ќе игра во финалето на Вимблдон