Ѓоковиќ по седмипат ќе игра во финалето на Вимблдон

533

Светскиот рекет бр. 1, Новак Ѓоковиќ повторно обезбеди финале на Вимблдон.  Најдобриот тенисер на светот во полуфиналето го победи младиот Канаѓанец Денис Шаповалов со 7:6 (3), 7:5, 7:5 и по трeтпат едноподруго ќе игра на завршниот меч на еден од најпрестижните светски тениски турнири.

За Србинот ова ќе биде и седмо финале на Вимблдон, а 30-то финале на Грен Слем турнирите. За Ѓоковиќ триумфот над Шаповалов беше 20-ти во низа на терените на „Сеанглискиот клуб“.

Противник на Новак во големото финале в недела ќе му биде Италијанецот Матео Беретини.

ПретходноРенова убедлива на пријателската со Борец
СледноИсторија: Земјата која победила на Евровизија, никогаш не освоила и Европско првенство!