Македонскиот олимписки комитет попладнево и официјално го потврди последниот македонски спортист кој ќе ја сочинува македонската делегација на Летните олимписки игри во Токио.
Како што објавија од МОК, последниот осми патник за Токио ќе биде пливачот Филип Дерковски.
„ФИНА официјално го извести МОК и го потврди Филип Дерковски за учесник на Олимписките игри ТОКИО 2020. Филип, од се срце ти честитаме и ти посакуваме успешен настап на Олимписките игри во ТОКИО! Со тебе сме! За спортистите!!!“, напишаа од МОК.