Шпанските медиуми објавија дека кошаркарските натпревари Реал Мадрид би можел да игра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Познатиот стадион ќе добие нов изглед, ќе има и подвижен кров, па покрај фудбалските мечеви, може да се играат и другите спортови.
Како што информира „RAC1“ сериозно се размислува кошаркарскиот клуб Реал Мадрид своите мечеви да игра токму на овој стадион, кој ќе има одлични услови.
Од друга страна АС смета дека ова може да се случи, но дека кошаркарскиот тим нема да се пресели на „Бернабеу“, туку ќе се одиграат одредени натпревари, како финални турнири, Куп на Кралот, пријателски мечеви против НБА екипи…
Капацитетот на овој стадион е 81.000 мета, за кошаркарските средби капацитетот може да се зголеми.
Работата на „Сантијаго Бернабеу“ е пред крај, треба да заврши за два до три месеци, откако веќе година и пол фудбалерите на Реал не играат на својот терен.