Кварацкелија: Израснав гледајќи го Реал на телевизија, a Гути и Роналдо ми беа инспирација

182

Грузискиот крилен фудбалер Квича Кварацкелија откри дека како дете го поддржувал Реал Мадрид и често го гледал на телевизија, а сега дојде време да игра и против него. Неговиот Наполи се соочува со Реал во 2.коло од групната фаза на ЛШ.
Израснав гледајќи натпревари на Реал Мадрид на телевизија. Сега ми се ривали на теренот. Како да не бидам радосен на вакви натпревари. Инспирација ми беа Гути и Кристијано Роналдо. Многу ги гледав и пробував да ги имитирам. Посебно ми се допаѓаше како Гути игра со топка. Не ни сонував дека еден ден ќе ми се јави и ќе ми даде негов дрес. Си разменуваме пораки и тоа ме прави среќен. За малиот Квича ова е исполнување на сонот“, изјави грузискиот фудбалер.

За противникот тој изјави:
Да се игра против Реал Мадрид ќе биде прекрасно искуство. Модриќ, Белингем, Крос, можам да ви го набројам целиот тим. Ги почитуваме, тоа се топ фудбалери“.

За крај Квича се спореди со Винисиус кој игра во Реал.
И јас како него почнав играјќи фудбал на улица. По редовните тренинзи постојано играв фудбалер на улица со моите другари. Уживав во секој момент. Па можам да кажам дека мојот стил е донекаде ист со бразилскиот“.

ПретходноНачо суспендиран на три меча, го пропушта и „Ел Класико“
Следно„Најголемата лага што сум ја кажал е дека Меси е најдобриот фудбалер на светот“