ЛШ-полувреме: Еуфорија на “Маракана“ … Ц. Звезда води, Њукасл го “делка“ ПСЖ, Левандовски се повреди (ВИДЕО)

159

Завршија првите полувремиња од шесте средби кои вечерва се играат во рамките на 2.коло во ЛШ.Еуфорија на “Маракана“ во Белград, Ц. Звезда има водство од 1:0 против Јанг Бојс, и тоа со голот на Ндиаје, откако Букари направи се што треба.

Њукасл игра спектакуларно против ПСЖ и има водство од 2:0 и тоа со головите на Алмирон и Барн.

Манчестер Сити со голот на Фоден води во Лајпциг. Барса исто води во Порто и тоа со голот на Феран Торес, кој влезе во игра во 34.минута откако Роберт Левандовски поради повреда мораше да го напушти теренот.

Во Дортмунд, каде гостува Милан нема голови, додека на мечот Селтик – Лацио на пауза се замина со 1:1.

ПретходноПозната е судбината на судијата кој го ограби Ливерпул!
СледноКореографија на “Маракана“за паметење и Ван Гог: “Делиите“ го изненадија светот…секоја чест! (ВИДЕО)