Меси го гледаше понижувањето во најважниот меч: Групата ѕвезди закована на дното

444

На МЛС му се ближи крајот кога е во прашање регуларниот дел од сезоната и наскоро ќе почне плеј-офот, а некои од клубовите се во битка за позиција која води во доигрувањето, дел веќе ја осигураа.

Интер Мајами кој собра бројни ѕвезди се наоѓа во тешка ситуација и тоа од синоќа. Тимот на Дејвид Бекам го загуби важнио меч против Чикаго Ф. во рамките на 32 коло со 4-1. Со овие бодови Чикаго дојде до осмата позиција која води во доигрувањето додека пак Интер Мајами е на 14 позиција со 33 бода и ги загуби сите шанси за плеј-офот.

По едно вакво сценарио Лионел Меси пред време ќе оди на одмор и нема да се бори за титула. Интер Мајами разочара, не го оствари она што го посакуваше, па ќе видиме какви планови ќе направи за време на зимскиот период.

Покрај Меси во Интер дојдоа Бускетс, Алба, Аројо…но тоа не беше доволно ниту за плеј-оф.

ПретходноНов историски момент: „Кошарка во колички“ ќе учествува на меѓународен турнир во Црна Гора!
СледноПеп му забранил на Гвардиол да го прими црвениот бик пред мечот со Лајпциг