Израелецот на удар: До вчера се фалеа дека со Бахар нивната Ц. Звезда ќе оди по пехарот во ЛШ, а сега велат дека тој е најслабата алка на клубот!

422

 

Колку е тенка линија во фудбалот меѓу успехот и неуспехот. Меѓу дигањето во ѕвездите и спуштањето на земја. Секако дека работата на медиумите е кога играш добро да те фалат, а кога си слаб да те ктритикуваат. Но секогаш има една граница.

А такво нешто го нема во соседна Србија кога во прашање е Барак Бахар,тренерот на Ц. Звезда, стратегот од Израел.

Имено по вчерашното реми со Јанг Бојс во ЛШ и тоа на “Маракана“ сега медиумите блиски до Ц. Звезда, а и јавноста која навива за “црвено – белите“, жестоко го напаѓаат, велат дека тој е изгубен случај и дека тој е најслабата алка во клубот. Не бараат директно оставка или отказ, ама се удира и тоа како врз неговата стручност.

А само да се потсетиме како беше пред два месеци за време на подготвителните мечеви на Ц. Звезда предводена токму од Бахар, посебно по онаа фантастична партија против Фиорентина.

Тогаш истите тие медиуми и истата јавност, се фалеа дека Ц. Звезда со тој тим и со тој тренер има шанси дури и да го нападне пехарот во ЛШ. Раководството на Ц. Звезда со став, посебни Терзиќ и Мркела, дека со Бахар се е можно, дека таков тренер клубот немал никогаш во својата историја, барем онаа поблиската.

А, сега? Сега во Суперлигата еден очаен Партизан е пред нив, еден Адетунџи си поигрува со тимот на Бахар, еден Јанг Бојс речиси цел меч и одржа лекција по фудбал на екипата на Бахар. Да потсетиме дека Ц. Звезда водеше на полувреме против Сити, но реално требаше да губи, барем според статистиката, со 10:1.

Сега Бахар не чинел, сега Бахар е најслабата алка во Ц. Звезда!!!

Замислете…

ПретходноДонесе одлука: Ембид ќе игра за САД на ОИ во Париз!
СледноФК Вардар: Хаџиевски и натаму ќе биде спортски директор во нашиот клуб!!!