Вест Хем може да се пофали со најдолгата серија без пораз на англиски клуб во Европа

107

Екипата на Вест Хем може да се пофали со нешто што ниту еден друг англиски клуб не успеал да го направи во Европа. Вест Хем со победата над Фрајбург во гости со 2:1 стана првиот англиски тим кој успеал да врзе 17 натпревари без пораз во европските купови.
Во сезоната 2021/22 тие беа запрени во полуфиналето со двоен пораз од Ајнтрахт Франкфут. Па потоа во сезоната 2022/23 во Лигата на конференции почна нивната серија. Од плеј-офот со двојна победа над дански Виборг, следуваа шест победи во групната фаза во која играа уште ФЦСБ, Андерлехт и Силкеборг, потоа два пати го победија АЕК Ларнака, па победа и реми со Гент во четвртфиналето, па две победи над АЗ Алкмар во полуфиналето и победа над Фиорентина во финалето.
Оваа сезона во групната фаза на ЛЕ, во првото коло ја победија Бачка Топола, а сега и Фрајбург. Вкупно 16 победи и едно реми.
Секоја чест за популарните „Чекани“.

ПретходноСилекс и Ѓорѓиевски ја продолжија соработката
СледноМарио, дали би потпишал за ПСЖ? “Никогаш!“…А за 10 милиони евра? “Секако“!