Миовски: Горд сум за голот, тажен за пропуштените шанси!

221

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски е причината за ремито (1-1) на неговиот Абердин против Хелсинки во Конференциската лига на УЕФА. Бојан го постигна првиот европски гол во групната фаза оваа сезона, а неговиот тим дојде до првиот бод.

Нашиот фудбалер има вкупно осум погодоци за Абердин во сите натпреварувања. Тој и како сите останати во тимот жалат што не искористија дел од шансите за да дојдат до победа.

„Атмосефата беше одлична, голема благодарност до фановите кои не бодреа од првата до последната минута. Дадовме се од себе, навистина сакавме да го добиеме овој дуел, но освоивме само бод.

Во првото полувреме бевме повеќе статични. Во вториот дел бевме многу подобри, создадовме многу шанси, особено по израмнувачкиот гол. Шансата на Дук беше одличен момент за пресврт, притискавме до самиот крај. Да беше друг ден сигурно ќе постигневме три или четири гола. Но, останавме на еден, иако бевме многу подобри на теренот.

Чувството да се даде гол секогаш е посебно. Ова беше прв гол во групната фаза, па затоа сум горд. Секој фудбалер напорно работи за овие моменти“, рече Миовски по мечот. 

ПретходноЛемос пред Шкендија: Нема изговори – сите на стадион (ВИДЕО)
СледноВлезот за мечот меѓу Македонија и Азербејџан е слободен!