Влезот за мечот меѓу Македонија и Азербејџан е слободен!

180

Македонската женска ракометна репрезентација ја почнува својата битка за место на ново Европското првенство. Првиот меч во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024 година, „црвено-жолтите“ го играат против Азербејџан на 11 октомври во малата сала „Јане Сандански“.

Од Ракометната федерација на Македонија известија дека влезот за оваа средба е слободен, полни трибини е она што им треба на нашите ракометарки за да дојдат до победа. Од оваа средба ќе има директен пренос на МТВ.

Во рамките на ЕХФ неделата, Кристијан Грчевски и неговите избранички ќе ги одмерат силите и против Литванија. Во група со Македонија се наоѓа и селекцијата на Шпанија.

ПретходноМиовски: Горд сум за голот, тажен за пропуштените шанси!
СледноОткриен е најголемиот виновник за новиот срам на Динамо Загреб