Вардар 1961 и Алкалоид по нови бодови за перфекција

121

Денеска и официјално стартува 5. коло во Супер-лигата. Два од трите тима кои имаат перфектен скор ја отвараат новата рунда, станува збор за Вардар 1961 и Алкалоид.

Ракометарите на „црвено-црните“ на домашен терен го пречекуваат Вардар Неготино, дуелот е закажан во 18:30 часот. Вардар 1961 има четири победи во групата Б и се наоѓа на врвот на табелата како единствен со ваков скор.

Вицепрвакот, Алкалоид пак е домаќин на Струга, мечот е закажан во 19 часот. Избраниците на Кирил Лазаров засега доминираат во групата А, сите претходни мечеви ги добија со убедлива разлика. На дуелот против Струга се фаворити, победа ќе ги зацврсти на врвот, кој го делат со Тиквеш.

Кавадаречкиот тим, исто има четири победи во исто толку одиграни натпревари, дали ќе остане со ист скор, одговорот ќе биде познат утре, на домашен терен го пречекува ГРК Охрид.

ПретходноАлаверда дефинитивно не игра повеќе фудбал, ќе биде дел од менаџерска агенција
СледноРакометарите ќе одиграат четири меча со Грција