Тимот на Манчестер Јунајтед има сериозни проблеми на играчки и резултатски план, а поразире на Олд Трафорд сезонава станаа секојдневие. Сепак, промена на менаџерската позиција засега нема да има и Ерик Тен Хаг ја има довербата од водството на клубот.
Медиумите во Англија пуштаат „лавина“ на притики околу ситуацијата во Јунајтед, но и информација дека Тен Хаг во моментов нема да биде сменет. Напротив, има потполна доверба, и му е даден рок до новогодишните празници да ја поправи ситуацијата. Тогаш сезоната се „крши“ што се вели и во клубот веруваат дека дотогаш работите ќе тргнат на подобро.
Викендов Манчестер Јунајтед игра против Брендфорд, а мечот е закажан за утре од 16 00 часот.