“Милионерите“ со пресврт до победа против Унион Берлин, Лајпциг промаши два пенали и не победи! (ВИДЕО)

66

Попладнево се одиграа четири натпревари од 7.коло во Бундеслигата. Борусија Дортмунд со 4:2 го победи составот на Унион Берлин и тоа со головите на Фулкруг, Шлотенберг, Бранд и Раерсон. Гостите од Берлин израмнија на 1:1 со голот на Госенс, постигнаа уште еден преку Бонучи за 1:2, но тоа беше се од нив.

Сензација во Лајпциг. Имено домашниот состав иако против Бохум важеше за голем фаворит, сепак одигра само 0:0. Интересно, Лајпциг во два наврати не успеа да реализира пенали и тоа преку Симонс и Форсберг.

Дармштад како гостин успеа со 1:2 да слави кај Аугсбург, додека Штутгарт со 3:1 беше подобар од Волфсбург.

ПретходноВо драматичен финиш Куманово дојде до реми кај Скопје!
СледноБарди остана без тренер: Трабзонспор му врачи отказ на Бјелица!