Во меч од 8.коло во Премиерлигата, Челзи како гостин успеа да слави на гости кај Барнли со 1:4.И овојпат нашиот репрезентативец Дарко Чурлино не беше во составот на Барнли.
Интересно, домашните поведоа со голот на Одоберт во 15.минута, гол кој што ги налути “сините“ па така следуваа головите на Ал Дакил (автогол), Палмер, Стерлинг и Челзи за победа на тимот на Маурицио Покетино.
На “Олд Трафорд“ за малку нова брука на тимот на Ерик Тен Хаг. Брентфорд водеше кај Манчестер Јунајтед се до 90+3.минута, но МекТоминеј успеа да израмни на 1:1, а потоа истиот играч во 90+6.постигна гол за победа од 2:1.
Евертон со 3:0 го победи Борнмут на свој терен и тоа со головите на Гарнер, Харисон и Докур.