Серијата продолжува – Јувентус осум години нема пораз од Торино

70

Јувентус немаше проблеми во градското дерби против Торино во Серија А, иако во тимот ги немаше повредените Душан Влаховиќ и Федерико Киеза. „Старата дама“ победи со 2:0, а головите ги постигнаа Федерико Гати и Арек Милик. За Гати ова е првиот гол во најсилната италијанска лига.

Јувентус стана „махер“ против „биковите“ затоа што веќе осум години нема пораз од нив (последен пат изгубил во април 2015 година).

„Старата дама“ идното коло игра уште едно дерби, против Милан во гости. Торино ќе игра дома со Интер.

ПретходноБабунски со деби гол за Грасхоперс, “стрелаше“ и Даци за Вестерло! (видео)
СледноОхриѓани ја впишаа првата победа