Атлетико победи со гол од пенал, Ојарзабал лут на судиите: Зарем се свири ова?

313

Атлетико Мадрид го победи Реал Сосиедад со 2:1 во меч од шпанската Ла Лига, а „јорганџиите“ дојдоа до триумф во финишот со гол на Гризман од пенал. Тој погодок ги налути гостите кои се убедени дека заслужија да не загубат и дека тој пенал е спорен.
Имено Гризман шутираше по земја, а топката погоди играч на Сосиедад кој лежеше на тревата по што судијата покажа на белата точка. Гризман погоди и донесе победа.
Судијата ми кажа дека топката го погодила Карлос Фернандез во рака. Му реков зарем се свири ова. Му посочив дека играчот е завртен со грб, без да знае каде е топката. Тоа се реакции (од ВАР) кои не им помагаат на судиите и потоа се случуваат вакви работи. Не ми е јасно. Во нашиот шеснаесетник лесно свирна пенал, а не се осмели кога бевме на другиот крај“, изјави Микел Ојарзабал, најдобриот играч на Сосиедад ризикувајќи да добие казна поради оваа изјава.

 

ПретходноСП 2030 ќе трае 45 дена, финалето ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“!
СледноАрсенал во 87. минута ја урна машинеријата на Гвардиола