Фудбалерите на Фиорентина го победија Наполи со 3:1 на гостински терен во осмото коло од Серија А и ја продлабочија кризата во редовите на шампионот и покрај нивните две последни победи. Наполи очигледно не се опорави по поразот од Реал Мадрид, а Руди Гарсија и натаму не му верува а нашиот Елиф Елмас кој и оваа средба ја проследи од клупата за резерви.
Јосип Брекало успеада и донесе водство на Фиорентина во 7 минута, по што следуваше поништен гол за домашните поради офсајд. Сепак до крајот на полувремето Наполи доби пенал, а Осимен го претвори во израмнување за 1:1.
Во вториот дел во 63. минута, овојпат, Бонавентура успеа да погоди за „виолетовите“ за 2:1 и нов шок на стадионот „Марадона“. Во обидот на Наполи да израмни, гостите во третата минута од судиското продолжение со голот на Гонзалес ја потврдија победата.