Во продажба пуштени билетите за мечот Алкалоид – Војводина!

202

 

Од раководството на РК Алкалоид информираат дека пуштени се во продажба билетите за мечот од ЕХФ Европската лига меѓу Алкалоид – Војводина, инаку историски прв натпревар во Европа за овој македонски клуб. Натпреварот ќе се игра на 17 октомври во салата “Јане Сандански“ во Скопје со почеток од 20:45 часот.

Билетите се по цена од 150 и 100 денари, а ќе можат да се купат преку продажната мрежа на МКТикетс.

May be an image of 6 people and text

ПретходноДимитријевиќ во тимот на колото на ВБТ лигата
СледноФудбалерките до 17 години загубија од Косово во битката за првото место во групата