Интересно беше на денешниот тренинг на нашите репрезентативци во пресрет на саботниот дуел со Украина во Прага. Прво “рисовите“ се загреваа со Текбол, а на една маса беше и селекторот Милевски, кој заедно со Елмас одиграа партија против Чурлинов и Џани. Проследивме супер потези од сите четворица.
Нешто подоцна се тегнеше и јаже, тука беа само играчите, да покажат сила, да покажат одлучност што треба да ги краси во сабота во Прага. Најважно од се е тоа што атмосферата е фантастична, работна. Како што и доликува на нашите најдобри фудбалери.











