Додека Пол Погба беше обвинет за допинг, уште еден играч на Јувентус, Николо Фаџоли може да биде долго време надвор од терените поради обложување.
Италијанските медиуми денеска открија нов скандал во Јувентус – Фаџоли наводно се обложил на нелегални платформи, што е забрането со законите во Италија.
Иако, се разбира, коцкањето не е кривично дело, забрането е да се ставаат облози во обложувалници кои не се овластени од италијанската влада, а уште полошо, забрането е за професионални фудбалери, учесници на натпревари достапни за обложување.
Истрагата против Фаџоли ја покрена ни помалку ни повеќе државниот обвинител, а фудбалерот на Јувентус веќе неколку месеци е под лупа. Со постапката се запознаени и адвокатите на Јувентус, а сега останува да се утврди дали Фаџоли стои зад сомнителните одлуки и колкава казна го чека.
Може да се каже дека дури и неговата професионална кариера зависи од доказите, бидејќи доколку Фаџиоли биде прогласен за виновен, може да биде суспендиран од професионалниот фудбал до три години.
Казната во овој случај е 25.000 евра, но дефинитивно за Фаџоли би бил најмал проблем ако се земат предвид платите на фудбалерите во Серија А.