Славко Винчиќ од Словенија е делегиран за главен судија на мечот во Прага меѓу Украина и Македонија, кој се игра в сабота со почеток од 15 часот во рамките на квалификациската група – Ц за пласман на ЕВРО 2024.
Винчиќ важи за еден од најдобрите судии во Европа, често ја дели правдата на големите натпреварувања како и на натпреварите во ЛШ.
Помошници на Винчиќ во Прага ќе му бидат Томаж Кланчик, Андраж Ковачиќ и Давид Шмајц.