Подготовките во таборот на Украина во пресрет на саботниот квалификациски меч со Македонија се интензивираат. И Украинците, како и нашите фудбалери, знаат дека овој натпревар во Прага, во рамките на квалификациите за ЕВРО 2024 е екстра значаен.
Олександар Сваток, дефанзивецот на Украина со респект говори за нашата репрезентација:
“Репрезентацијата на Македонија е многу силен противник. Тоа го видовме на првиот меч во Скопје, да не говорам како Македонците одиграа против Италија. Тоа е квалитетен тим составен од добри играчи. Јасно е дека не очекува тежок натпревар во сабота“ рече покрај другото Сваток.