Радуловиќ: Ваква победа е послатка

246

Кошаркарите на Пелистер тргнаа со победа во АБА 2 лигата. Попладнево против словенечки Шенчур по продолжение, тимот на Дарко Радуловиќ обезбеди први бодови. По мечот стратегот на битолчани вели:

„Во принцип ние водевме од првата до последната минута. Заслужено го добивме мечот, кој можевме да го добиеме и порано. Имавме проблем со високите играчи и со офанзивниот скок, но тоа ни беше јасно. Другото беше одлично. Ова е нашата препознатлива игра, имавме добра контрола на ноивната игра и во целост енергијата во тимот беше на потребното ниво. Имавме малку проблем да ја исконтролираме оваа средба и да ја приведеме во мирен финиш, но и вака е послатко“.

За битолчани следниот предизвик в петок ќе биде дуелот со МЗТ Скопје А.

ПретходноУ19: Елмас постигна евро-гол, Македонија слави над Полска (ВИДЕО)
СледноШевченко за одлуката на УЕФА во врска со руските младински репрезентации: Ова е мал, но важен чекор!