Митревски и Порто убедливо поразени во Веспрем

89

Никола Митревски и Порто впишаа убедлив пораз на гостувањето кај Веспрем во рамките на групата Б во ракометната Лига на шампиони. Унгарскиот тим славеше со 44-34 и со тоа стигна до третиот триумф во четвртиот меч сезонава.
Порто немаше шанси да му се приближи на фаворитот, а не да направи нешто повеќе. Македонскиот голман Никола Митревски имаше четири одбрани од 17 удари или успешност од 23,5%.
Кај Веспрем, Недим Ремили беше најефикасен со 10 гола од 12 обиди, пет од пет имаше Бајрки Елисон.
А Монпеље славеше на гости кај Целје со 31-29. Кај францускиот преставник најефикасен беше Монте Дос Сантос со 10 гола од 13 шутеви. Кај домашните Тим Цокан постигна девет гола. Монпеље има скор од две победи и два порази, а Целје е последен со четири порази.

ПретходноСо гол во последната секунда Бутел славеше во Неготино
СледноПо ПСЖ, Галтие ќе води клуб од Катар