Александар Јовиќ и неговиот соработник, Звонко Шундовски и покрај поразот од 31-26 во Париз, имаат причина да бидат задоволни од она што нивните момци го прикажаа против ПСЖ.
Македонскиот првак игра подобро во друштвото на европскиот крем, не дозволува лесно да биде совладан, што пак дава надеж дека може да дојде до првата радост оваа сезона.
„Сакам да им честитам на моите ракометари за настапот и секако на тимот на ПСЖ за победата. Не беше лесно да се игра во Париз, но мислам дека одигравме како еккпа против моќен состав. Верувам дека сме на добар пат. Раул Гонзалез е голем пријател на македонскиот ракоомет и сакам да му посакам баш оваа сезона да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ.
Руди Сери, кој се врати во својот роден град вели дека во првиот дел на дело го спровеле она што било договрено, но големата ротација со која располага противникот на крајот била пресудна.
„Одлично го одигравме првиот дел, она што го планиравме, го спроведовме и го изненадивме противникот. До 45. минута бевме во натпреварот, но против нас имавме состав со голема ротација, многу индивидуалци и тие реагираа во второто полувреме. Сепак, задоволен сум како се претставивме во Франција. За мене беше посебно чувство да играме во мојот роден град и пред моето семјство“.