Денеска и официјално завршува првиот турнир во АБА2-лига и тоа токму со македонска пресметка. Силите за првпат оваа сезона ќе го одмерат Пелистер и МЗТ Скопје, мечот е закажан со почеток во 15 часот.
Битолчани за разлика од ТФТ и актуелниот македонски првак тргнаа со победа, по продолжение славеа против Шенчур со 78-82. На другата страна пак кошаркарите на МЗТ Скопје беа бледо издание против Цедевита Ј, па го вклучија алармот дека нивото е под очекувањата и доколку не се соберат ќе биде тешко за нив, не само во второлигашката јадранска конкуренција, туку и во домашниот шампионат против тимови кои направија нешто подобри состави.
Пелистер живее да му се одмазди на тимот од Аеродром за поразите во домашните пресметки, додека пак МЗТ Скопје е под притисок и ќе мора да покаже дека може и знае повеќе, дека буџетот ги оправдува целите.