Сенад Рамадани и Леонид Вандески земаа учество на континенталното натпреварување до 23 години чиј домаќин е Талин, Естонија.
„Македонија имаше двајца претставници на Европското првенство до 23 години чиј домаќин беше Естонија. На Кадриорг Стадионот во Талин под македонското знаме се натпреваруваа Сенад Рамадани и Леонид Вандески, за двајцата овој настап беше од големо искуство“, велат од Атлетска Федерација на Македонија.
Рамадани учествуваше на две трки. 20-годишниот македонски атлетичар на 400 метри оствари време од 51.82, додека пак трката на 200 метри ја заврши со време од 22.96.
Вториот македонски претставник, Леонид Вандески учествуваше на 3.000 метри стиплечс. Нашиот атлетичар трката ја заврши со време од 9:48.69.
Европското првенство до 23 години во Талин завршува на 11ти јули.
РЕЗУЛТАТИ
Сенад Рамадани (400 метри) 51.82
Сенад Рамадани (200 метри) 22.96
Леонид Вандески (3.000 метри стиплечс) 9:48:69