Екс – вардарецот Барсегјан само што пристигна во Скопје веднаш го посети својот голем пријател!

5400

Тигран Барсегјан не ги заборава своите стари и големи пријатели, од времето кога играше за Вардар (2016-2019), и кога беше еден од најзаслужните што нашиот најтрофеен клуб играше во групната фаза во Лига Европа. Имено вчера само што пристигна во Скопје заедно со своите колеги од репрезентацијата на Ерменија, тој веднаш го посети својот стар и голем пријател Горан Миќиќ, еден од најдобрите тату артисти кај нас и му подари дрес од репрезентацијата на Ерменија, потпишан од него.

Секоја чест за Тигран, ние го почитуваме како личност и некогашен фудбалер на Вардар, но во вторник во Струмица на пријателскиот меч меѓу Македонија и Ерменија ние ќе си навиваме за нашата селекција.

ПретходноОбрадовиќ: Цибона не го заслужи ова
СледноБањаја победи во Индонезија и повторно е лидер, Мартин падна и не ја заврши трката!