Тухел инсистира на Халанд, но тој во моментов чини 175 милиони евра

164

Томас Тухел е решен Челзи повторно да доминира во домашниот шампионат, но и на меѓународна сцена па така за следната сезона бара топ екипа. Во таа насока е желбата да го доведе во Лондон, Ерлинг Халанд кој според Мирор е негова трансфер мета број еден.

Од друга страна пак, Германсктие медуми ја објаснуваат ситуацијата и го велат следново. Откупната клаузула во договорот на Халанд вели 75 милиони евра, но во 2022 година. Доколку Челзи сепак одлучи да го купува ова лето, ќе мора да плати, плус 100 милиони евра. Иако Боруисија во моментов не сака да го продаде, сепак, 175 милиони евра, вредат повеќе од четириесетина голови кои Халанд сигурно ќе ги даде следната сезона.

Доколку од Лондон се одлучат на ваков потег, Халанд ќе стане вториот најскап фудбалер по Нејмар.

 

ПретходноЏака: Мура не е непобедлива, само да почнеме да погодуваме
СледноЕфремовски оправдано отсутен