Андреа Седлоска – „match-winner“!

774

Македонската ракометна репрезентација се најде пред прагот на ново Европско првенство. Избраничките на Кристијан Грчевски од гостувањето кај Литванија се враќаат со целиот плен, славеа со 28-31 и дојдоа до втората победа во квалификациите, сега само чудо може да им го земе големиот сон.

Во центарот на вниманието се најде Андреа Седлоска. 20-годишната репрезентативка блескаше и на оваа средба, практично беше „match-winner“. Зад своето име запиша осум погодоци од исто толку погодоци, три од нив во минутите кога се „кршеше“ резултатот.

Играта на Седлоска треба да радува бидејќи таа иднината на репрезентативниот ракомет, со каков потенцијал располага членот на Локомотива Загреб видовме и против Азербејџан, постигна седум гола од осум обиди. На два меча реализираше 15 погодоци со само едно промашување. Заедно со искусната Сара Ристовска и останатите соиграчки одлично ја предводат Македонија кон ново Европско првенство.

ПретходноГеоргиевски со златен медал на Загреб ОПЕН!
СледноГранит Џака со најмногу натпревари за Швајцарија